Влезен хол
Во делот на приземјето на објектот се наоѓа салон со вкупна површина од околу 850 м2. Во влезниот хол на објектот се наоѓа рецепција со професионално ангажирано лице, како и електронски бариери за пристап.
Комплексот е современо обликуван како одраз на времето во кое е проектиран, како високоенергетски и еколошки одржлив објект. Со примената на современи материјали и соодветен дизајн, се добива пријатен простор за вработените и препознатливост за посетителите.
Катовите се достапни како отворен канцелариски – океански простор, со завршен под со теписон и спуштен таван. Секој кат одделно поседува санитарни простории, серверска и електро соба. Внатрешното уредување и поделба на поединечни канцеларии со гипс-картонски ѕидови, потоа избор на теписон и светилки, е по желба на клиентот. Во зградата се инсталирани 4 лифта од марката „ThyssenKrupp“, кој е светски лидер во производство на лифтови и ескалатори и го поседува најголемиот иновативен центар за лифтови во Европа.
Во делот на приземјето на објектот се наоѓа салон со вкупна површина од околу 850 м2. Во влезниот хол на објектот се наоѓа рецепција со професионално ангажирано лице, како и електронски бариери за пристап.
Во таа насока, како извор за греење и ладење на објектот се користат топлински пумпи од марката „Carrier“. Предноста на овој систем, кој е четирицевен, е што овозможува истовремено греење или ладење на различни простории, во зависност од потребата.
Стаклата на прозорците се изработени од реномираниот светски производител „Guardian“, кои овозможуваат висока пропустливост на светлина, но ниска спроводливост на топлина и заштита од УВ-зрачење. Исто така, прозорците се отвораат, со што се овозможува природна вентилација на воздухот.
Конструкциите за алуминиумски профили наменети за рамки за врати и прозорци се изработени од еден од најстарите германски производители „Schüco“. Нивната предност се согледува во одличните карактеристики во подрачја каде што постојат големи климатски промени во текот на годината.
Деловниот центар Premium во својата содржина нуди и фитнес-сала, која располага со 15-ина најсовремени справи од познатиот италијански производител „Technogym“. Салата зафаќа корисна површина од околу 200м2, со гардеробери и тоалети со туш-кабини.
Имајќи го предвид капацитет на објектот, како и непреченото одржување на мобилноста на луѓето и нивните потреби, Деловниот центар Premium располага со подземна гаража на 3 нивоа, со вкупно 130 паркинг-места (со можност за полнење електрични возила), како и надворешен паркинг за 60 возила.